(ВИДЕО) Ја спасија ли Начевски и Николов селекцијата на Фрацнија: Голема врева се крена за голот на Пранди

Ракометната селекција на Франција е првиот финалист на Европското првенство во Германија, откако во драматично полуфинале по продолжението ја „нокаутира“ Шведска во Келн, со резултат 34-30 (27-27).

Како што е познато делители на правдата на овој дуел беа македонците Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Спасот за францзите дојде буквално откако истече регуларното време за игра, па Пранди изведе слободен удар и погоди за 27-27.

Но овој гол крена многу врева во јавноста и на социјалните мрежи и многумина сугерираат дека е неправилен зошто Французинот ги кренал двете нозе.

А правилото е јасна, во моментот на упатување на удар барем едната нога мора да е на подлогата без да се помести. Останува на самите вас да процените дали македонските судии донесоа исправна одлука.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО