Тен Хаг: Апсолутно го разбирам Клоп

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг го разбира најавеното заминување на Јирген Клоп од Ливерпул на крајот од сезоната.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед го пофали Клоп што го промовираше Ливерпул во победник во Лигата на шампионите и Премиер лигата откако го презеде во 2015 година.

-Можам да разберам тоа, апсолутно, девет години се долг период на градење и реализација на цели, но мислам и на неуспеси и влегување во тешки периоди. Премиер лигата бара многу“, прокоментира менаџерот на Манчестер Јунајтед и додаде:

-Комбинацијата од натпреварување во Премиер лигата и на европските терени исто така е доста тешка и си бара. По девет години тоа е многу време, разбирам дека му снемува енергија и тоа е еден од неговите аргументи да се повлече.

Заминувањето на Клоп е удар за големиот ривал Јунајтед, но Тен Хаг смета дека тоа не е добра вест за англискиот фудбал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО