Им нема крај на скандалите кои ги режира организаторот на Олимписките игри во Париз.
Се започна со претставување на јужнокорејската делегација како Северна Кореја (!?) за време на церемонијата на отворање на ОИ, тогаш и беше најавена турската делегација, а на дефилето се појави Тунис и на крајот наопаку беше подигнато на јарболот олимпиското знаме.
За тоа време публиката им аплаудираше на кошаркарите на Јужен Судан, а колку тоа им значеше на ривали сфатија и Порториканците, кои се солидализираа со публиката.
Натпреварот Јужен Судан го доби со 90:79 Најефикасен во победничкиот тим беше натурализираниот Американец, Карлик Џонс со 19 поени и по шест асистенции и скокови, Маријом Шајок постигна 15 поени, а Куол и поранешниот играч на МЗТ Скопје, Нуни Омот реализираа по 12 поени.