(ВИДЕО) Хаотични сцени! Навивачите на Барса го каменувале автобусот на своите миленици

Навивачите на Барселона не се прославија пред реванш мечот во четвртфиналето од Лигата на шампиони (ЛШ) против ПСЖ. Тие им приредиле пречек на фудбалерите на францускиот клуб пред олимпискиот стадион, но по грешка го каменувале автобусот кој ги превезувал играчите на Барселона!?

Надреалната сцена се одвивала во густиот чад, поради што очигледно ги смениле автобусите. Како што пренесува Mарка, некои од најрадикалните навивачи се одвоиле од толпата пред стадионот и фрлале факели и предмети кон автобусот кој се приближувал до стадионот, со извици: „Е…се ПСЖ!“.

На почетокот дури и на оние навивачи на Барселона кои ги поздравувале своите миленици не им било јасно што се случува.

Barcelona fans throwing objects and projectiles towards Barcelona bus confusing it with PSG’s.
byu/s_91 insoccer

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО