Паричните награди на атлетичарите во Париз се против „олимпискиот дух“!

Одлуката на Светската атлетика (СА) да доделува парични награди на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз е во спротивност со олимпискиот дух, вели шефот на Интернационалната велосипедска унија (УЦИ), Давид Лапартиан.

СА ќе стане првата федерација што ќе понуди парични награди на Игрите летово. Освојувачите на златни медали на атлетските натпревари ќе добијат по 50.000 долари.

– Олимпискиот дух значи да се споделат приходите и што повеќе спортисти да се натпреваруваат ширум светот. Не треба сите пари да им ги дадеме на врвните спортисти, туку да ги распределиме. Навистина веруваме дека ова не е во олимпискиот дух, рече Лапартиан.

Со оглед на тоа дека од почетоците, Олимписките игри се сметат за аматерски спортски настан, Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) не доделува парични награди, туку ги распределува средствата преку интернационалните федерации (ИФ) и националните олимписки комитети (НОК).

Потегот на СА, кој ќе биде проширен и за освојувачите на сребрени и бронзени медали за Игрите во 2028 година, беше широко пофален од поранешните спортисти кога го објави нејзиниот претседател, Себастијан Коу.

– Не гледам дека тоа ќе им го олесни животот на спортистите, можеби ќе им овозможи малку подолго да останат во спортот. Тоа е имаат поголема финансиска независност при тренирањето, а можеби на пософистициран начин е и нешто друго освен заложбите за добрите, цврсти олимписки принципи, рече Коу.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО