ВИДЕО: Џошуа беше класа за Нгану – Со брутален удар до нокаут во втората рунда

Британскиот боксер Ентони Џошуа, со фантастичен нокаут го совлада својот ривал Франсис Нгану и оствари важна победа.

Спектаклот во Ријад траеше до доцна во ноќта, а гледачите видоа борба со одлично темпо, но борба која за жал не беше така долга како што некои од навивачите очекуваа и посакуваа.

Екс двократниот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, се бореше против екс УФЦ шампионот во тешка категорија, Франсис Нгану во долго исчекуваниот дуел.

За Нгану ова е само втора професионална боксерска борба, откако контроверзно загуби од Тајсон Фјури во октомври.

За разлика од борбата со Фјури, Нгану синоќа покажа значително помалку од она што го очекуваа и сфати дека сепак не може да им парира на надјобрите во оваа категорија.

Џошуа уште од стартот на првата рунда покажа доминација, а во втората го нокаутираше ривалот и оствари победа. Џошутоа покажа дека е далеку по подготвен за боксерски борби и ја запиша 28 победа во својот 31 настап. Од друга страна, Нгану е поразен во два од два меча.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО