Миовски го сака Абердин, но не знае што носи иднината

Формата на македонскиот интернационалец Бојан Миовски, во последниот разговор за медиумите во Шкотска, истакна дека е приврзан кон Абердин, но дека не знае што носи иднината.

Неговите добри игри не останаа невидливи, па се повеќе екипи се интересираат за неговите услуги. Тој потенцира дека има уште две години од договорот со Абердин, но дека потоа не знае ништо.

– Ми остануваат уште две години од договорот со Абердин, но во денешниот фудбал никогаш не знаете што може да биде следен чекор. Јас го сакам клубот, бидејки кога дојдов овде, ме прифатија со широко отворени раце и тоа секогаш ќе остане во мое сеќавање. Целта ми е да му понудам максимум на тимот да остварува подобри резултати. Во иднина, не знам што ќе се случува, порача Миовски.

Се верува дека Миовски има понуди од неколку екипи во Премиер лигата, Бундес лигата и Серија А.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО