Веселин Вујовиќ по само два месеци доби отказ во Нексе

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ во хрватскиот клуб Нексе.

Вујовиќ на клупата на Нексе седеше само два месеци и откако не успеа да ги донесе очекуваните резултати клубот одлучи да му врачи отказ.

На табелата Нексе ризикува да го изгуби и второто место бидејќи по осум одиграни кола има ист број на бодови со Сесвете. Во последниот натпревар на кој Вујовиќ седеше на клупата Нексе ремизираше 28:28.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО