Веселин Вујовиќ: Пакт во кој учествуваа КГБ, Мосад и ЦИА

По изјавата на Ненад Кљајиќ дека Веселин Вуковиќ би можел да биде селектор на Хрватска, се огласи и Зоран Гобац, потпретседател на Хрватскиот ракометен сојуз кој истакна дека „никој не е, ниту ќе разговара со Вујовиќ“.

Овие изјави за порталот Индекс ги коментираше еден од најдобрите ракометари на сите времиња, Вујовиќ.

– Секогаш истата приказна. Да ви кажам едно… Секој пат не знам од која причина се бунтуваат некои духови, па луѓето почнуваат да коментираат. Во мојата кариера никогаш не сум рекол дека некој е добар или лош, само ги коментирав работите на теренот.

Навистина ми беше смешно кога ја прочитав изјавата на Кљајиќ дека има организирани групи на луѓе да гласаат за мене и дека имам премногу простор во хрватските медиуми.

Како јас и Гобац да сме склучивме пакт пред 30 години во кој учествуваа КГБ, Мосад и ЦИА, во кој е решено во 2024 година дека треба да станам селектор на Хрватска. И сега дојде тој момент. Неверојатно е што луѓето можат да кажат – изјави Вујовиќ.

За потсетување Вујовиќ беше кратко селектор на Македонија, а на репрезентативно ниво има предводена поранешна Југославија, Србија и Црна Гора, потоа Словенија и Иран. Во меѓувреме на три наврати беше и тренер на Вардар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО