Потврдено: Лазаров нов фудбалер на Горица

Она што „Спортклуб.мк“ го најави пред една седмица, денес и официјално доби потврда.

Македонскиот интернационалец, Андреј Лазаров е нов фудбалер на Горица што практично значи останува во Хрватска ако се земе предвид дека есенската полусезона беше член на Рудеш.

-Секогаш ќе давам максимум за тимот и се надевам дека заедно ќе постигнеме добри резултати и ќе освоиме повисоко место на табелата – изјави Андреј при официјалната промоција.

Кога сме кај Лазаров да кажеме дека е 24-годишен фудбалер офанзивно ориениран кој досега во кариерата покрај Рудеш играше и за Тиквеш и Работнички.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО