Верстапен не победи, но е среќен поради Ландо Норис: Заслужи, ова нема да му биде последна победа!

Актуелниот светски шампион во Ф1, Макс Верстапен, заврши како второпласиран на трката за ГН на Мајами, додека на највисокото скалило пред него, се искачи Ландо Норис од Мекларен.

Ландо Норис дојде до својата прва историска победа во Ф1 кариерата и сигурно долго ќе ја сеќава, а Верстапен нагласи дека е среќен поради неговиот колега.

– Навистина сум среќен поради Ландо, долго ја чекаше оваа победа, но нема да му биде последна. Дефинитивно го заслужи триумфот. Мекларен дојде овде со унапреден болид, изгледа дека им успеа. Ова не беше нашиот најдобар тркачки викенд.

– Ќе анализираме се и ќе се обидеме да излеземе посилни од овој неуспех. Некогаш победувате, некогаш губите, таков е спортот. Овој викенд беше проблематичен за мене, беше тешко, но ете, ако е реалноста од оваа трка второто место, го прифаќам тоа, порача Верстапен.

Тој е лидер во генералниот пласман со 136 бодови, втор е неговиот тимски колега со 101 бод.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО