Вардар закажа пет тест-средби, денеска игра со Мура

Фудбалерите на Вардар, предводнеи од тренерот Горазд Михаилов ја почнуваат главната фаза од подготовките, која вклучува пет пријателски дуели за време на престојот во Словенија.

Попладнево (од 18 часот) Вардар ќе го одигра првиот пријателски меч на подготовките во Словенија, против екипата на Мура. Во среда Вардар ќе ја одигра и втората контролка, против словенечкиот нисколигаш Словенска Бистрица, а во петок го очекува уште еден контролен меч против уште еден словенечки нисколигаш, екипата на Чарда.

Последните две контролки треба да бидат најсилните за „црвено-црните“. На 23 јули Вардар во Загреб ќе се сретне со Динамо, а на 27 јули во Австрија ќе одигра и пријателски меч со англискиот второлигаш, некогашен член на Премиер лигата, Свонси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО