13/09/2024

Вардар подобар од Струга

Двократниот европски шампион Вардар по неочекуваниот пораз од Тиквеш минатото коло се врати на победите во домашниот шампионат откако вечерва во првиот меч од 4. коло од плеј-офот во Суперлигата славеше на домашен терен над Струга со 29-20.

„Црвено-црните“ уште во првото полувреме ги разрешија сите дилеми околу победникот добивајќи го со 16-8, а во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 29-20. Тунижанецот, Мохамед Тарик Бахар со девет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените не беа доволни 10 гола на Мерис Бошњак.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО