Ужасно второ полувреме на Хрватска, кое дефинитивно ги остава без медал на ЕП

Репрезентацијата на Хрватска и дефинитивно остана без можност за медал на Европското првенство во Германија, откако беа поразени попладнево со резултат 35:30.

Иако во натпреварот против Исланд, важеа за фаворити, сепак одиграа лош натпревар и на крајот беа заслужено поразени.

Хрватска имаше одредена предност во првиот дел, но така не беше и во вториот дел, па репрезентативците на Исланд го искористија тоа и остварија победа. Недозволиво за Хрватите беше што во вториот дел еден период Исланд имаше серија од 6-0 и практично таму го решија натпреварот и судбината на „коцкестите“.

Најефикасен во редовите на Исланд беше Елисон кој постигна 8 погодоци. Хрватска своето учество на овој турнир ќе го заврши за два дена, кога ќе одиграат меч против домаќинот Германија.

Може слободно да се констатира дека овој турнир за Хрватска е неуспешен и таму допрва следува анализа на резултатите каде точно потфрлија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО