(ВИДЕО) Урнебесна реакција и пцовка на српски од Јокиќ на сред пренос поради Деандре Џордан

Никола Јокиќ имаше уште еден неверојатен натпревар, во кој за неговата екипа Денвер учествуваше со 26 поени, во победата над Јута Џез со 142:121.

Но српскиот кошаркар нема мир дури ни кога има медиумски обврски, па традицијата редовно Деандре Џордан да му се привлекува зад грб кога овој редовно дава интервју, беше продолжена и по оваа средба.

Српскиот центар додека даваше импресии од натпреварот, очекувано како и по секој друг натпревар, му пријде Деандре Џордан да го задева и да го допира по главата, а овој не можеше да се воздржи па опцу пред камерите на српски.

– Ууу ј…. те’, беше коментарот на Јокиќ по задевањето од Џордан.

– Наш најважен натпревар е следниот. Имавме одлична енергија во првиот дел. Вториот не беше така добар, но победивме и тоа е најважно, победа си е победа, порача Никола Јокиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО