Излезе информација дека Дани Алвеш се самоубил – се огласија неговите адвокати

Адвокатите на Дани Алвеш ги демантираа шпекулациите дека бразилскиот фудбалер се самоубил во затворот каде е сместен.

Синоќа почнаа да се шират шпекулации дека Дани Алвеш посегнал по својот живот во затворот и тоа беше навистина луда информација, се додека во јавност не реагираше адвокатскиот тим на бразилскиот фудбалер.

Бразилскиот новинар Марсело Бешлер се огласи: Луѓето од неговиот ПР тим ги контактираа адвокатите и потврдија дека се шират невистини, се е демантирано, Дани е жив, напиша Бешлер на Твитер.

Алвеш во февруари беше осуден на четири ипол години затвор поради силување на девојка во ноќен клуб во Барселона. Освен затворската казна, Алвеш скоро 10 години ќе има забрана за да и пријде на девојката, чиј идентитет не беше откриен.

Нејзините адвокати бараа 12 години затвор, па на крајот беше донесена пресуда на само 4 ипол години.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО