Јунајтед го победи Евертон, Гарначо има несекојдневно остварување во Премиерлигата

Манчестер Јунајтед успеа без посериозни проблеми попладнево да слави на Олд Трафорд со 2:0 против Евертон.

Со оваа победа, Јунајтед иако далеку од првите четири екипи бодовно, сепак ги оддржува во живот шансите и надежта дека на крајот од сезоната ќе завршат во топ4 зоната.

На денешната средба Манчестер Јунајтед оствари победа од два пенали, првиот го реализираше Бруно Фернандеш, додека вториот беше дело на Маркус Рашфорд.

Интересна ситуација е тоа што Александро Гарначо беше креаторот на двата пенали кои беа досудени врз „црвените ѓаволи“ и двата беа сигурно реализирани.

Имено, со таков скор, Гарначо постави и рекорд во Манчестер Јунајтед, односно тој е првиот играч во историјата на клубот кој успеал да обезбеди два пенали за тимот во еден натпревар од Премиерлигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО