Упамекано си направи проблем со навивачите – Баерн Минхен со остра реакција

Баерн Минхен со пораз се враќа од Рим, од првиот натпревар во дуелот против Лацио во рамки на осминафиналните пресметки во ЛШ.

Лацио успеа да победи благодарение на сигурната реализација на Чиро Имобиле, кој од пенал реализираше за важна победа на „Лацијалите“.

Пред да биде шутиран пеналот, исклучување заработи Дајот Упамекано, кој што ги остави своите играчи на цедило до крајот на средбата.

Тоа беше повод за Упамекано да биде нападнат на социјалните мрежи од своите навивачи, па можеа да се забележат и доста навреди на расна основа, а на тоа Баерн реагираше со брзо соопштение:

– Ги осудуваме сите ужасни расистички пораки и коментари упатени кон Дајот Упамекано. Кој пишува такви работи и не е вистински навивач на Баерн Минхен. Со тебе сме Упа, порачаа од Баерн Минхен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО