Баерн Минхен има негатива по првите 90 минути во осминафиналето од Лигата на шампионите, против тимот на Лацио со 1:0.
Многумина веруваат дека Баерн Минхен сега мора да го отпушти тренерот Томас Тухел, бидејки потоа ќе биде премногу касно ако не преземат одреден чекор.
На пресконференцијата по натпреварот во Рим, новинарите имаа многу прашања за Томас Тухел, кој очигледно ќе има се поголеми главоболки, па мораше да одговара на незгодни прашња.
– Не сум загрижен за мојата иднина и за мој потенцијален отказ. Но не можам да разберам некои работи. Вечерва сторивме се за да го загубиме овој натпревар, не ми е јасно. Се е во наши раце се уште, се зависи од нас. Во одредена точка од натпреварот, едноставно не верувавме дека можеме до добар резултат, немам идеја зошто е тоа така. Имаме премногу индивидуални грешки, порача Томас Тухел.