Ангеловски: Честитки за Грузија, но каде сме ние по ЕП 2021?

Репрезентацијата на Грузија за првпат во својата историја ќе игра на ЕП. Ова стана реалност, откако во Тбилиси вечерва беа подобри од Грција за директен пласман на ЕП.

Ако се вратиме назад, ќе сфатиме дека и Македонија својот пат кон пласманот на ЕП, го обезбеди токму против Грузија и токму против Тбилиси.

Токму на таа тема, интересен коментар на тоа имаше некогашниот селектор на репрезентацијата, Игор Ангеловски, кој порача:

– Грузија вечерва заслужено слави. Ја победи Грција и испиша историја. Пласман на ЕУРО 2024 година, откако во минатото финале на Лига на нации загуби од Македонија. Но каде сме ние после историскиот пласман на ЕУРО 2020.
Наместо да се бориме секој нареден циклус на квалификации да го подобруваме нашиот учинок го уништивме она што вреди носени од мотивите за личен профит и луѓе без капацитет на водечките позиции во ФФМ и на позицијата селектор на А репрезентација кои со својата нестручност успеаа да ја растурат најдобрата генерација во историјата на Македонија која бележела резултати и за тоа треба да им се “честита”.

Но тоа не е се прокоцкаа шанса за пласман на Светско првенство каде 50% од работата им беше завршена. Сега слушаме изјави од селекторот кои ме загрижуваат бидејќи да изјавиш такво нешто треба да си надвор од мисловна активност или да бараш оправдување за сопствената немоќ.

Резултатот е нешто што не можеш да смениш. Неинтелегентниот човек невозможно е да го поразиш со аргументи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО