УЕФА заработи над 700.000 евра само од една работа на ЕП?

Фрлањето пластични чаши за пиво на теренот за време на ЕП во Германија стана редовна појава, при што навивачите не се многу загрижени дека ќе бидат санкционирани бидејќи националните асоцијации се тие што плаќаат високи казни на УЕФА.

Во текот на групната фаза на турнирто, УЕФА изрече казни во вкупна вредност од над 1,2 милиони евра, од кои дури 719.375 евра се за фрлање предмети на теренот.

Навивачите на стадионите плаќаат капар од три евра, над цената на пивото, што можат да си ги добијат назад ако ја вратат пластичната чаша. Сепак, и покрај тоа голем такви чаѓи завршија на тревникот, а главна мета беа противничките играчи, особено при изведувањето корнери.

Првите пластични чаши летаа на теренот на отворањето на турнирот, на средбата Германија – Шкотска, а од 36-те натпревари во групите, на 25 навивачите фрлаа чаши на теренот.

На седум од тие 25 натпревари, навивачите на двата тима беа одговорни за фрлањето предмети, а 19 од 24 екипи беа казнети за прекршокот.

Најлошо поради фрлањето предмети минаа Унгарија, Швајцарија, Хрватска и Србија, кои добија парични казни на сите три натпревари во групата.

Други прекршоци кои резултираа со парични казни вклучуваат ракети, димни бомби, неовластено влегување на терен, употреба на ласери, несоодветни пораки….

На прво место на неславната листа е Хрватска која ќе треба да плати казна од 220.000 евра. На второ место е Албанија со 171.000 а на трето Србија со вкупна казна од 166.000 евра. Само три репрезентации не беа казнети, Франција, Шпанија и Словачка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО