УЕФА со видео го потврди новиот формат на европските купови

Европската фудбалска унија (УЕФА) ја потврди промената во форматот на своите клупски натпреварувања – Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига од сезоната 2024/2025.

Денеска од УЕФА објавија и видео со кое се објаснува новиот формат кој тргнува оваа есен. Групната фаза од сите три натпреварувања ќе има по 36 учесници, а новиот формат ќе донесе уште 100 натпревари само во елитното ниво на ЛШ. Според новиот формат, секоја екипа ќе одигра по осум натпревари во новата лигашка фаза, по четири дома и на гости, со осум различни екипи. Противниците ќе се одредуваат врз основа на четири квалитативни „шешири“, а секој тим ќе добие по два ривали од секој „шешир“ и ќе игра со едниот дома, а со другиот на гости.

Секој бод, секој гол ќе биде многу важен бидејќи ќе одлучува кои екипи ќе се најдат во Топ 8. Оние кои ќе завршат во Топ 8 одат директно во осминафиналето, додека екипите кои ќе завршуваат од 9 до 24. место (16 екипи) ќе играат плеј-оф рунда за пласман во осминафинале. Екипи кои ќе завршат од 25 до 36. Место ќе бидат елиминирани од сите натпреварувања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО