Крос ќе го продолжи договорот со „кралевите“

Германскиот играч за врска на Реал Мадрид, Тони Крос е на чекор до продолжување на договорот со „кралскиот клуб“, објави новинарот Николо Шира на социјалната мрежа Х.

Актуелниот договор на Крос со „кралевите“ му истекува на крајот од сезонава. Според Шира новиот договор ќе биде до летото 2025-та.

Крос дојде во Реал во 2014 година. Во минатите 10 години тој настапи на 452 натпревари на кои постигна 28 гола и 96 пати асистираше. Вредноста на Крос на фудбалскиот пазар се проценува на 14 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО