УЕФА отвори дисциплинска постапка против Србија.

Фудбалскиот сојуз на Србија се соочува со две обвиненија поради однесувањето на навивачите на нашиот северен сосед на вчерашниот меч против Англија на Европското првенство во Германија.

Според наведеното, српските навивачи се обвинети дека фрлале предмети на теренот и „ширеле провокативна порака што не е во согласност со спортскиот настан“. Во објавата се наведува дека етичкиот и дисциплинскиот службеник на УЕФА дополнително ќе спроведе истрага за целиот процес на трибините.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО