Хејтинга ќе биде дел од „црвените“

Новиот тренер на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, ќе има нов помошник во стручниот штаб. Тоа е прославениот играч на Евертон, Џон Хејтинга, кој во претходната сезона работеше како помошник-тренер во екипата на Вест Хем.

Хејтинга се прослави како централен бек играјчи за Ајакс, Атлетико Мадрид, Евертон, Фулам и Херта. За селекцијата на Холандија има 87 натпревари.

Тој тренерската кариера за започна во различни младински тимови во Ајакс а од јануари до јуни 2023 година беше главен тренер на „копјаниците“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО