Тадеј Погачар си ја врати лидерската „жолта маичка“ по триумфот во возбудливата четврта планинска етапа на Тур де Франс долга 139,6 км. За него тоа беше 12-та етапна победа на Тур
Словенецот Погачар (25) изведе експлозивен напад на околу 800 метри пред врвот на иконскиот Кол де Галибие и потоа го зголеми водството на 20-километарското спуштање до целната линија.
Тој сега има солидна предност пред ривалите во генералниот пласман, Јонас Вингегард, Ремко Евенепул, Ричард Карапаз, Примож Роглич итн.
– Тоа беше горе-долу тимскиот план и го извршивме прилично добро. Многу сум среќен, беше како во соништата. Сакав да нападнам силно, многу добро ја знам оваа петека, тренирав овде многупати и се чувствував како дома.
Бев сигурен уште од почетокот и имав добри нозе, рече Погачар (25) кој има предност од 45 секунди пред Евенепул, односно 50 пред Вингегард во генералниот пласман.
Како и да е, до крајот се очекува голема борба, а прашањето е кој ќе биде посилен, односно поиздржлив, Тадеј Погачар или Јонас Вингегард. Многумина се убедени дека на конечната одлука ќе треба да се почека на хронометарот во Ница, на последниот ден од годинашниот 111. Тур де Франс.