Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота инсистира дека неговиот тим мора да се подобри и да бара конзистентност во резултатите пред градското дерби со Торино.
– За нас е важно да најдеме постојаност во резултатите. Мораме да се подобруваме и да даваме максимум секој ден за да оствариме победа“, изјави Мота пред градското дерби со Торино.
„Во овие 26 натпревари изгубивме само два пати со многу млад тим. Даглас Луис е играч од средниот ред на високо ниво кој може да игра на сите три позиции. Може да постигнува голови и да дава завршни додавања, има креативност и знае како да гради напади. Тој може да направи повеќе во одбраната, како и сите други, може да покрие три позиции и да има слобода на теренот“, додаде Мота.
Без Ману Локатели, утре ќе се дознае кој ќе ја носи капитенската лента на тимот.
– Признавањето на соиграчите е важно. Тренерот набљудува и се обидува да го покаже вистинскиот пат до лидерство, особено со давање пример. Секогаш има простор за нови лидери, рече уште Мота.