Тухел разочаран – на прес го прашаа дали прифаќа извинувања од судиите кои ги елиминираа?

Тренерот на Баерн Минхен, изнесе свое мислење за поразот од Реал Мадрид на „Бернабе“ и елиминацијата од Лигата на шампионите.

Томас Тухел и не беше баш задоволен од арбитражата на судиите, смета дека во повеќе наврати, неговата екипа е драстично оштетена.

Де Лихт постигна гол во 9. минута од судиското надополнување, но поради тоа што пред време беше свирен офсајд, а ВАР не се вклучи, сето тоа беше поништено, а беше регуларно.

– Тоа беше грешка на нашиот најдобар играч, кој до тој момент чуваше предност. Тоа е индивидуална грешка која ја менува играта, а потоа ни е поништен гол за 2:2. Овде, на „Бернабе. Дали прифаќам извинување од судиите? Па, не, ова е полуфинале, навистина не е момент за прифаќање извинување, прво да ги прекршат правилата, а потоа да примам извинување, НЕ!“, со судиите, секогаш има некој друг ефект, кратко прокоментира Тухел, давајки до знаење дека и не баш е задоволен од судиските одлуки.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО