Де Лихт потиштен, открива што му рекол судијата: Па тоа е срамота!

Матијас Де Лихт по болната елиминација од Реал Мадрид, сподели со јавноста, што му рекол судијата по натпреварот и тоа звучи доста сурово.

Реал Мадрид се пласира во финалето од ЛШ, каде ги чека пресметка против изненадувањето сезонава, тимот на Борусија Дортмунд, кои претходно го елиминираа ПСЖ.

Де Лихт беше видно потиштен поради елиминацијата, но сподели што му рекол судијата при заминување во соблекувалните.

– Ова е срамота, еден од линиските судии ми рече по натпреварот, „Жалам што погрешив“. Јас не сум тип кој сака да ги обвинува судиите за пораз или победа, така да Реал на крајот го заслужуваат триумфот, бидејки славеа на 2:1. Но мислам, ако тоа е правило, тоа ќе биде правило и тоа можам само да го кажам сега, порача Де Лихт.

ВАР системот не беше од помош за Баерн Минхеновој натпревар, Баерн Минхен тогаш изедначи на 2:2, но судијата Марчињак го подигна знаменцето, сигнализирајки офсајд.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО