Мурињо се реши: Двапати ги одбивав, ако дојде трета понуда, ќе ја прифатам!

Жозе Мурињо со една од последните дадени изјави, ја заинтригира сеопштата народна маса околу тоа каде би можел повторно да работи.

Тој се уште се нема испробано како селектор, но можеби токму сега е времето за тој негов чекор во кариерата.

– Два пати имав шанса да седнам на клупата на Португалија, но понудите не беа дојдени во најдобар момент, затоа решив тогаш да останам во Рим. Емоциите ме превземаа и мислам дека погрешив. Португалија ма доста силна екипа, една од најдобрите репрезентации во светот.

Последната понуда ја имал додека беше во Рома, од каде во јануари беше отпуштен.

– Се чувствував одлично во Рим, со навивачите и сите останати во градот. Поради тоа не ја прифатив понудата, но ако добијам и по трет пат, ќе ја искористам, ќе ја водам мојата земја и репрезентација, заклучи Мурињо.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО