Тухел пред тежок испит: Како после тоа да ги мотивирам играчите за мечот со Арсенал?

Томас Тухел е свесен дека шансите за титулата во Бундеслигата се скоро сведени на минимум, а тоа му поставува одредени стравови како да ги мотивира играчите за мечот со Арсенал во ЛШ.

Баерн Минхен заостанува 13 бодови зад лидерот Баер Леверкузен по последниот нивен пораз од Борусија Дортмунд минатиот викенд. Но Тухел е свесен дека мора да одреагираат на некој начин и да покажат желба.

– Сите сакавме да играме поразлично и доста сме нервозни, посебно поради тоа како помина викендот. Мора да покажеме реакција по последниот пораз. Мора да ја вратиме основата на нашата игра и тоа брзо, порача Тухел.

Првата четвртфинална пресметка против Арсенал се игра во вторник во Лондон од 21 часот, а Тухел е свесен дека мора да бидат перфектени за да ја вратат самодовербата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО