Во петок е официјалното отворање на Олимписките игри (ОИ) во Париз. Во Франција за медали ќе се борат 10.500 спортисти, а Македонија ќе ја претставуваат шестмина спортист(к)и спортисти.
Игрите ќе почнат два дена пред официјалното отворање, а три спорта (рагби, фудбал мажи и ракомет жени) почнуваат два дена порано.
„Од Игрите во Барселона 1992 година, фудбалот почнува пред церемонијата на отворањето. Можно е фудбалерите да играат секој ден и им требаат најмалку 48 часа за опоравување.
Поради тоа, машките фудбалски натпревари почнуваат два дена, а женските ден пред почетокот на Игрите“, гласи официјалното објаснување.
Женскиот ракомет и рагби мечевите почнуваат ден порано. Една од најважните причини за раниот почеток на ракометот и на рагбито е тоа што објектите каде што се одржуваат натпреварите се заеднички, велат организаторите.
Ракометарките играат во арената каде што ќе бидат и натпреварите во кревање товар. Ракометното финале е закажано на стадионот „Пјер-Мауро“ во Лил, откако таму ќе се одигра групната фаза на кошаркарскиот турнир.
Од истата причина и рагби мечевите почнуваат два дена пред отворањето на Игрите. Натпреварите ќе се играат на „Стад де Франс“, каде потоа ќе се одржуваат и атлетските натпревари.
– Мора да се почитува еден принцип. Не може да се делат медали, и спортистите да бидат елиминирани од Игрите пред церемонијата на отворањето, велат од организацискиот одбор.
Денеска со натпреварите Аргентина – Мароко и Узбекистан – Шпанија (од 15 часот) се отвора машкиот фудбалски турнир.