Трето полуфинале за Медведев во Мелбурн

Двократниот финалист на Австралија опен, Русинот Данил Медведев го победи Полјакот Хуберт Хуркач во четвртфиналето со 7:6 (7:4), 2:6, 6:3, 5:7 и 6:4 и се пласира во полуфиналето на грен-слем турнирот Австралија опен во Мелбурн.

За Медведев кој атакува на втората грен-слем титула по онаа на САД опен во 2021 година, ова беше деветти триумф во четвртфинале на големите турнири и трето полуфинале во последните четири години во Мелбурн.

Во 2021 година во финалето тој загуби од Новак Ѓоковиќ, а следната 2022-ра, од Рафаел Надал.

За место во финалето Медведев в петок ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Шпанецот Карлос Алкараз и Германецот Александар Зверев.

– Се чувствувам помалку уништен во моментов. Тој одигра добро, нема да бидам престрог со себе. Јас е обидував да направам се’ што можам, си велев ако загубам, ќе биде во ред, изјави Медведев по мечот што траеше помалку од четири часа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО