Тренерот на Порто го напушта клубот

Освојувачот на Купот на Португалија, Порто, ќе мора да бара замена за својот тренер Сержо Консеисо, објави авторитетниот новинар Фабрицио Романо, додавајќи дека поранешниот португалски репрезентативец ја активирал ослободителната клаузула во договорот само неколку дена по успехот во Купот.

Причина за ваквата одлука на Консеисо е изборот на нов претседател на популарните „Змејови“, Андре Вилаш-Боаш. Консеисао пак потпиша нов договор на крајот од април кога Пинто да Коста беше претседател на клубот.

Консеисо го презеде Порто во 2017 година, а неговата најверојатна следна дестинација ќе биде францускиот Олимпик Марсеј, која наводно веќе има спремна понуда за португалскиот стручњак.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО