(ФОТО) Бруно Фернандеш објави фотографија од Стефан Ристовски и му напиша само еден збор!

Фудбалерите на загрепски Динамо освоија се’ што можеа во штотуку завршената сезона во Хрватска, трофеите во Суперкупот, во Купот и во првенството (ХНЛ). Тие тројната круна, прва по 17 години, ја прославија со своите навивачи на улиците на Загреб и на главниот градски плоштад Бан Јосип Јелачиќ.

 

Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски беше важен дел од тимот на Динамо во тие успеси. Македонскиот дефанзивец е член на Динамо од 2021 година, откако пристигна во загрепскиот тим од лисабонски Спортинг.

Тој мина две и пол години во португалскиот гигант и таму стекна многу пријатели. Меѓу нив е и капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш.

На својата приказна на Инстаграм со речиси девет милиони следбеници Фернандеш сподели фотографија од Ристовски пред освоените трофеи. На  фотографијата тој ставил „емоџи“ од срце и напишал „Феномен“.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО