Топката на Крос имаше „очи“: Фантастично додавање за предност на Реал по првиот дел (ВИДЕО)

По голема битка во првиот дел на „Алијанц Арена“, гостите од Мадрид имаат предност со 1:0 против домаќинот Баерн Минхен.

Единствениот гол кој беше постигнат во првиот дел, се случи во 24. минута, кога на фантастично додавање од Тони Крос, Винициус Жуниор ја тресе мрежата на Баерн Минхен за водство.

Баерн Минхен имаше нешто поголема теренска иницијатива и некоја шанса повеќе, но до крајот на првиот дел, мрежите мируваа по голот на Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО