Поради бизарен закон, Хајдук Сплит мора да исфрли една буква од името на клубот

Хајдук Сплит поради новиот закон за спорт во Хрватска, најверојатно ќе мора да го преформулира името на клубот, односно ќе мора да го смени.

Сплитски Хајдук имаше големи амбиции сезонава, освојување титула, но како што одминуваше сезоната, екипата имаше доста киксеви, кои најдобро ги искористи Динамо Загреб, па и Риека, екипи кои се пред нив на табелата.

На теренот работите не им одат како треба, а изгледа и надвор од теренот ситуацијата не им е најсјајна.

Досега официјалниот назив на клубот беше „Хрватски фудбалски клуб Хајдук Сплит, шпортско акционерско друштво за спортски активности“, меѓутоа, зборот “Шпорт“ е исфрлен од употреба.

Тоа воедно значи дека мора да донесат формална одлука за промена на називот на целото име и дека тоа ќе биде преименувано во „Хрватски фудбалски клуб Хајдук Сплит, спортско акционерско друштво за спортски активности, односно во превод, се менува само една буква во целиот назив.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО