Во Минхен беше лудо (2:2) – во Мадрид ќе биде сигурно крајно драматично

Откако вечерва на „Алијанц Арена“, не видовме победник меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид, во првиот полуфинален меч од ЛШ, ќе биде крајно интересно во реваншот во Мадрид.

Вечерва први во Минхен поведоа гостите од Мадрид преку Винициус Жуниор, по фантастичното додавање од Тони Крос, за отварање на резултатот.

Баерн Минхен се обидуваше до крајот на првиот дел да го анулира резултатот, односно негативата, но на пауза се замина со предност на гостите.

Во вториот дел, Баерн ги зби своите редови и резултатите дојдоа. Прво изедначуваат преку Лерој Сане во 53. минута. Се додека траеше еуфоријата, се случува пенал ситуација за Баерн, каде сигурен реализатор е Хари Кејн за предност на домаќините.

Но Реал повторно се врати во игра, со голот на Винициус Жуниор, повторно од пенал, за конечни 2:2 и неизвесен финиш.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО