Тежок пех за Расел: ФИА му ја одзема победата во Белгија – победник е Луис Хамилтон

Џорџ Расел успеа на брилијантен начин да дојде до победа на ГП во Белгија на патеката „Спа Франкоршамп“.

Ова беше ден за Мерцедес, но по трката, стјуардите на ФИА им го расипаа славјето, кога победата на Расел, ја ставија под знак прашалник, поради пониска килажа на болидот под дозволената за 1,5 кг.

ФИА еден час го разгледуваше болидот на Расел и два пати го мереше на официјална вага, по што беше покажано дека тој е под најниското дозволено ниво на тежина.

Откако во ФИА ги разгледаа опциите и она што го налагаат законите и членовите во правилникот, донесоа одлука дека победата на Џорџ Расел се поништува.

Со тоа, Луис Хамилтон автоматски ја добива победата на зелена маса, а на пиедесталот застануваат Оскар Пиастри и Шарл Леклер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО