Тешки денови за бразилскиот гигант: Лани шампион на Ј. Америка, сега пред испаѓање во втора лига?

Во Јужна Америка се’ може да се види, вклучително и тоа дека минатогодишниот шампион на тој континент се бори за опстанок во домашниот, бразилски шампионат!

Станува збор за Флуминенсе, гигантот од Рио де Жанеиро, кој има големи проблеми сезонава во бразилската Серија А. Има забележано дури 16 порази, што е (пре)многу за се’ уште актуелниот победник на Копа Либертадорес.

Најстариот фудбалски клуб во Бразил моментално има 38 бода, што е само еден повеќе од Крисија и Брагантино кои се во зоната за испаѓање.

Исто така, популарните „триколори“ имаат доста тежок распоред до крајот. Ќе играат против Атлетико Паранаенсе и Палмеирас, додека на Маракана ги пречекуваат Крисијума и Кујаба.

Во последното коло ќе имаат многу тешка работа, бидејќи го пречекаат Палмеирас, актуелниот лидер во Серија А кој се бори за титулата со Ботафого.

Тоа значи дека Флуминенсе го очекува „пекол“ во последните три кола, и нема дилема дека навивачите, доколку нивниот тим опстане во лигата, ќе бидат во поголем делириум отколку кога станаа шампиони на Јужна Америка.

Она што е интересно е што Флузао го задржа речиси целиот тим кој минатата сезона го постигна еден од најголемите успеси во клупската историја. Планот беше да се одбрани титулата во Либертадорес, но наместо тоа, тимот од Рио де Жанеиро е блиску до втората лига.

Флуминенсе првпат и досега единствен пат, испадна од елитниот ранг на Бразил во 1997 година, по што веднаш потоа се пресели и во Серија Ц. Тоа беа најтешките години за овој клуб, кој се врати во Првата лига. неколку години подоцна. Сега, би можел да ја доживее сличната судбина како пред 27 години.

Слично нешто се случи минатата сезона, кога Сантос, еден од најтрофејните клубови во Бразил, за првпат во историјата, испадна во Втората лига. Сепак, како првопласирана екипа годинава успеаја брзо да се врати во Бразилеирао.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО