Тео Ернандез во преговори со Реал Мадрид

Левиот бек на Милан, Тео Ернандез нема да биде изненадување ако ова лето се пресели во Реал Мадрид. Веста ја објави италијанскиот новинар Николо Шира.

Тој тврди дека раководството на Реал е заинтересирано за 26-годишниот фудбалер, особено ако не успеат разговорите со Алфонсо Дејвис од Баерн (М). Францускиот репрезентативец сака да го напушти Милан на лето, за што ги известил своите агенти.

Французинот веќе настапуваше за мадридскиот клуб од 2017 до 2019 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО