Според информациите на шпанската „Марка“, фудбалерите на Реал Мадрид Федерико Валверде и Орелиен Чуамени речиси се степале по жестока расправија, што го отсликува внатрешниот распад во соблекувалната.
Двајцата играчи се соочиле лице в лице, се оттурнувале и воделе жестока расправа што продолжила и во соблекувалната.
Екипата минува низ еден од најтешките периоди оваа сезона, веќе без реални шанси за трофеи и со сè поразделена атмосфера во тимот. Разликите меѓу фудбалерите се очигледни, а има и играчи кои речиси и да не комуницираат меѓу себе.
Не е лесен ниту односот со тренерот Алваро Арбелоа, во ситуација каде притисокот и заморот кулминирале, дури шестмина фудбалери не разговараат со него.
На сето ова се надоврзува и инцидентот меѓу Антонио Ридигер и Алваро Карерас, потврден од самиот Карерас.
Иако јавно се обидоа да ја намалат важноста на случката, тврдејќи дека станува збор за мал инцидент кој е надминат, реалноста во тимот е поинаква, тензијата е очигледна, а сезоната им изгледа сè потешка на играчите.