МЗТ Скопје направи исчекор кон ново финале

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром со победа ја стартуваше полуфиналната серија во плејофот против битолски Пелистер.

На првиот натпревар одиграно попладнево во сц јане сандански, аеродромци славеа со 80-75.

Актуелна шампион одлично го отвори и натпреварот.
Во првото четвртина во повеќе наврати имаше двоцифрена предност најголемата 12 поени, а на првата пауза замина со +10 (28-18).

Сепак гостите од битола тоа не ги поколеба па успеаа да стигнат и до еден поен негатива 36-35. На полувреме мзт замина со водство од 39-35.

Второто полувреме екипата на Пелистер го започна одлично. Брзо избраниците на Даскаловски ја анулираа негативата, а потоа и поведоа со седум поени (43-50). И наместо да продолжат во ист ритам, зелено-белите паднаа во играта. Тоа искусниот тим на МЗТ знаеше да го казни и да го сврти резултатот во своја полза.

Во завршните 10 минути сино-белите влегоа со два поени предности (57-55). Со две врзани тројки аеродромци го отворија последниот квартал за водство 63-55, а потоа и со двоцифрена разлика 66-56. На шест минути до крајо, при водство 69-62, почнаа проблемите за актуелниот шампион МЗТ.

Прво капитенот стојановски ја заработи петтата лична грешка, а потоа следуваа две технички на клупата на МЗТ. Гостите од битола не го искористија тоа максимално но ја преполовија негативата (69-64).

Најефикасен во победничката екипа беше Маслинко со 15 поени. Смит-Мекејде заврши со 13, додека Танасковиќ на 12-те поени додаде 8 скокови. Бадијала останаа 23-те поени на Декјвис и 21 на Малешевиќ која Пелистер загуби.

Со тоа МЗТ поведе со 1:0 во победи во серијата што се игра на два добиени натпревари. Следниот на програмата е во Битола, претстојниот викенд (9 или 10 мај).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО