Тен Хаг: Мора да размислуваме победнички

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, не крие дека не е задоволен со моменталната позиција на табелата во Премиер лигата. Неговиот тим по 26 кола е на 6-то место со 44 бодови.

– Секако, не сме задоволни. Од јануари имаме позитивна динамика, одигравме многу добри натпревари и напредувавме. Сè уште не сме совршени но, добивавме натпревари и потенцијалот беше видлив – вели Холанѓанецот.

-Мора да разбереме дека не можеме да одиме во натпревари со 90-95% – треба да дадеме се на теренот, да покажеме одлучност и да влееме страв кај противникот. Мора да покажеме желба за победа и да веруваме во тоа – потенцира Тен Хаг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО