Никој не знае дали Гринвуд ќе се врати во Јунајтед

Новите сопственици на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф и Сер Дејв Брејлсфорд, на крајот на сезоната ќе донесат одлука дали фудбалерот, Мејсон Гринвуд, ќе остане во тимот.

Сепак, весникот „Атлетик“ додава, дека е многу поверојатно Гринвуд да биде продаден во текот на летото. Ќе потсетиме дека напаѓачот беше уапсен во јануари 2022 година поради обвинение сексуален напад врз неговата девојка.

Во 2023 година, сите обвиненија беа отфрлени од страна на Кралското обвинителство а потоа стана јасно дека парот се здружил и чекал дете. Гринфуд сега игра како позајмен во Хетафе.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО