Тен Хаг има „критична порака“ до Џим Ретклиф: Само тоа да не го прекинеме!

Холандскиот стратег Ерик Тен Хаг, смета дека клубот оди дефинитивно во вистински правец, но дека за уште подобри резултати, потребно е време.

Кога Тен Хаг доаѓаше во Манчестер, зборуваше за тоа дека „на секоја ера и доаѓа крајот“, алудирајки на тоа дека е одлучен да го врати клубот на врвот и да ја прекине доминацијата на Пеп Гвардиола и Манчестер Сити, но од такво нешто нема уште ништо.

Во дебитантската сезона Тен Хаг го донесе трофејот од Карабао купот, меѓутоа, оваа сезона, дебело е потфрлањето и за тоа е свесен самиот тренер. Групната фаза во ЛШ ја завршија на последното место, а како што стојат работите во моментот, може и да не се пласираат во ЛШ за следната, што би бил голем крах.

Сепак, Тен Хаг бара уште трпение од новиот сопственик на дел од клубот, Џим Ретклиф, на кого го убедува кои треба да бидат следните чекори.

– Мислам дека мора да го следите процесот, имаме добри млади играчи кои се пробиваат и кои се се подобри. На добар пат сме, одиме во добар правец, треба да направиме следен чекор, не треба да го прекинеме процесот.

– Имаме високи станданрди и ќе бидам разочаран доколку не се пласираше во ЛШ. Знам дека ќе биде тешко, бидејки не сме во добра позиција, но сакаме да го добиеме секој следен натпревар. Ако играме константно добро, нивото на игра ќе порасне и ќе биде добро. Потребен ни е секој следен бод“, порача Тен Хаг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО