Го турка ли Ванда Нара, Икарди во Јувентус?!

Агентот Ванда Нара, која е сопруга на аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди, се фотографираше со тренерка на Јувентус и направи да има лавина на коментари околу тоа дали можеби Икарди од Галатасарај, се сели во Јувентус.

Нара своето стори го објави на Инстаграм, а на фотографијата јасно се гледа дека таа е облечена во тренерка на Јувентус. Тоа го направи во период додека снимаше реклама во Истанбул.

Икарди, кој некогаш ја носеше капитенската лента на Интер, со Јувентус се поврзува подолг период, уште во периодот пред да се пресели во ПСЖ.

Икарди има се уште важечки договор со Галатасарај до јуни 2026 година, а за турскиот клуб во 39 настапи има постигнати 24 погодоци.

Низ медиумите во Италија се верува дека Ванда Нара прави напори да го протурка Икарди кон Јувентус, додека во таа ситуација, жртва би можел да биде Душан Влаховиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО