Тен Хаг и неговата дружина глумат фудбалски клуб: Кристал Палас го уништи Јунајтед

Манчестер Јунајтед и во 35. коло од Премиерлигата, одигра под секое ниво и ги разочара до максимум своите навивачи, кои секако и покрај лошата сезона, очекуваа подобро издание.

Уште од самиот старт се виде доминантност на домаќинот, која резултираше со почетно водство на домаќините од 12. минута, кога стрелаше Олисе.

Нешто пред крајот на полувремето, теренската иницијатива Кристал Палас ја круниса со втор гол и ја продлабочи кризата на Јунајтед во најава за вториот дел.

Во вториот дел, иста приказна, Митчел во 58. минута зголемува на 3:0, додека конечните 4:0 на мечот ги постави повторно Олисе, за голема победа на „орлите“ над „црвените ѓаволи“.

Со овој триумф Кристал Палас дојде до 43 бодови сезонава, односно се зацврсти на 14. позиција, додека Јунајтед падна дури и под Челси, на 8. позиција и ја бележи најлошата сезона во пост Фергусон ерата.

Едно е јасно, иако играат финале во ФА Купот против Манчестер Сити, како и да заврши, по ваков еден дебакл, како печат за очајната сезона, големи и реални се шансите Тен Хаг да го напушти кормилото на Јунајтед за 2-3 недели.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО