Околу неизвесноста на Пантер во Партизан – се јави агентот и ја долови актуелната ситуација

Претходните денови во соседните медиуми се појавија информации за евентуално заминување на Кевин Пантер од Партизан.

Пантер иако има важечки договор со Партизан, сепак се расчу по белградските кулоари дека нивниот капитен ќе повлече нова и ќе побара да замине од клубот, па сега сите дилеми околу таа тема ги разреши неговиот агент.

– Да појаснам веднаш, сите информации, пишувања на медиумите, се обични и чисти будалштини, порача Пападопулос за тоа дека Пантер ќе го напуштел Партизан ова лето.

Потоа Пападопулос ја дообјасни ситуацијата во моментот:

– Кевин Пантер има договор со КК Партизан и тука и ќе остане. Нема никакви дилем околу тоа, се надоврза.

Играчите кои имаат важечки договор и кои се очекува да останат во Белград и следната сезона, се Кевин Пантер, Зек Ледеј, Алекса Аврамовиќ (?), Балша Копривица, Бруно Кабокло и Огнен Јарамаз (?). Сите имаат важечки договори до 2025 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО