Манчестер Јунајтед одигра под секое ниво вечерва на гостувањето кај Кристал Палас, каде загубија со 4:0, резултат кој на најдобар начин ја отсликува нивната сезона.
Ако до пред некое време сметаа дека со Дејвид Мојс ја имаа најслабата сезона (седмопласирани), сега тоа го достигнаа и го натфрлија со Ерик Тен Хаг. Јунајтед по ова коло ќе биде на 8. позиција.
Тоа нималку не е на ниво за Јунајтед, но по мечот фановите на клубот покажаа дека се карактер и дека дури и при еден ваков пораз, не го напуштија стадионот, па им ракоплескаа на играчите кои одиграа срамно, додека Тен Хаг без поздрав го напушти теренот и се упати кон соблекувалните.
По мечот, на пресот следуваа низа прашања за Тен Хаг, а едно од првите беше дали смета дека се уште е вистинскиот менаџер за Јунајтед, тој на тоа одговори со „апсолутно“.